Достапни линкови

Тешки последици од цунамито и земјотресот во Јапонија


Јапонските телевизии прикажуваат снимки од последиците на цунамито со бранови од шест метри што го зафати североисточниот брег на Јапонија откако претходно имаше земјотрес од 8,9 степени според Рихтеровата скала. Брановите високи до шест метри оставиле тешки последици. Се јавува за многу ранети луѓе, но се уште не е познат колкав е бројот на жртвите. Земјотресот се почувствувал и во главниот град Токио, каде што имало и неколку згради кои биле зафатени со оган. Пожари избувналe во една рафинерија за нафта во близина на Токио. Инаку, епицентарот на земјотресот бил на 150 километри од источниот брег на островот Хоншу. Предупредувањето за цунами, освен за Јапонија било издадено и за Русија и за Северномаријанските острови.
XS
SM
MD
LG