Достапни линкови

Силен земјотрес и цунами ја погодија Јапонија


Земјотрес со сила од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Јапонија. Тој бил проследен со уште неколу потреси меѓу нив и еден од 7,4 степени. Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека имало многумина повредени. Јапонските телевизии прикажуваат и снимки од цунами до кое дојде по земјотресите. Властите издадоа предупредување за цунами со бранови високи над шест метри. Земјотресот се почувствувал и во главниот град Токио. Се наведува дека епицентарот бил на 150 од источниот брег на островот Хоншу.
XS
SM
MD
LG