Достапни линкови

Коњановски на министерски состанок на НАТО за Авганистан


Денеска во Брисел ќе се сретнат министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. На состанокот, освен генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен, се очекува да присуствуваат и високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон и специјалниот претставник на Обединетите нации во Авганистан Стафан де Мистура. Во фокусот на разговорите ќе биде преминувањето во четвртата фаза од операцијата ИСАФ. Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски ќе присуствува на средбата.
XS
SM
MD
LG