Достапни линкови

Топали бара голем број меѓународни набљудувачи на избори во Албанија


Јозефина Топали

Јозефина Топали

Претседателот на албанскиот Парламент Јозефина Топали побара од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да упати што поглем број набљудувачи за локалните избори во Албанија закажани за 8 мај. Ваквото барање Топали го изнела на средба во Тирана со потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, австрискиот пратеник Волфганг Гросрук пренесуваат новинските агенции.Таа изјави дека имајќи ги предвид политичките случувања во Албанија,многу е значајно изборите да бидат добро мониторирани . Во меѓу време, шефот на албанската држава Бамир Топи уште еднаш упати апел до политичките лидери за започнување дијалог, а локалните избори ги оцени како многу значајни.
XS
SM
MD
LG