Достапни линкови

Никовски си поднесе оставка


Skopje - Macedonia - former ambassador Risto Nikovski

Skopje - Macedonia - former ambassador Risto Nikovski

Поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски се повлече од функцијата член на Советот за меѓународни односи кај македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Toj писмено го информирал шефот на државата дека поднесува оставка. Одлуката на екс-амбасадорот следи по објавувањето на неговата колумна во еден од македонските дневни весници во која тој директно ги критикува САД и работата на амбасадорот Филип Рикер, оценувајќи дека дипломатот се меша во внатрешни работи на Македонија, поради што треба да биде прогласен за персона нон-грата.
XS
SM
MD
LG