Достапни линкови

Грција бара мерки против рејтинг агенциите


Мерките за штедење веќе подолго време предизвикуваат немири во задолжената Грција

Мерките за штедење веќе подолго време предизвикуваат немири во задолжената Грција

Грција ја повика Европската унија и еврозоната „итно да преземат мерки против рејтинг агенциите, кои ја поткопуваат стабилноста на земјите кои го користат еврото“. Барањето на грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину беше објавено денеска во Брисел пред утрешниот самит на еврозоната, кој е посветен на зацврстувањето на еврото. Пораката е адресирана до претседателот на Еврогрупата, која е составена од министирте за финансии на земјите од еврозоната, Жан Клод Јункер и еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен. Според Атина последното намалување на кредитниот рејтинг на Грција од понеделникот „говори за конфликт на интереси во мотивите на агенцијата“.
XS
SM
MD
LG