Достапни линкови

Состанок на НАТО утре во Брисел


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Утре во Брисел ќе се сретнат министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. На состанокот, освен генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен, се очекува да присуствуваат и високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон и специјалниот претставник на Обединетите нации во Авганистан Стафан де Мистура. Во фокусот на разговорите ќе биде преминувањето во четвртата фаза од операцијата ИСАФ. Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски ќе присуствува на средбата.
XS
SM
MD
LG