Достапни линкови

Русија побара безвизен режим со САД


Рускиот премиер Владимир Путин и американскиот потпретседател Џо Бајден

Рускиот премиер Владимир Путин и американскиот потпретседател Џо Бајден

Рускиот премиер Владимир Путин предложи укинување на визниот режим со Соединетите американски држави при средбата со американскиот потпретседател, тврдејки дека тоа би било „историски чекор“. „Ако Русија и Соединетите американски држави се согласат за безвизен режим, тоа би било историски чекор во руско – американските односи“ рече Путин. Бајден е во офиццијална посета на Русија со цел да продолжи со подобрувањето на одностие меѓу двете земји. Напорите на Европската унија за воведување на безбизен режим со Русија, од друга страна, траат со години без значаен напредок. Бајден во средата се сретна со рускиот претседател Димитриј Медведев, по што изјави дека успешното „ресетирање“ на односите ги демантирало скептиците.
XS
SM
MD
LG