Достапни линкови

logo-print

Преговорите меѓу Црна Гора и ЕУ треба да почнат до крај на 2011


Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек изјави во Брисел дека пристапните преговори меѓу Црна Гора и ЕУ би можеле да почнат веднаш.
Европратениците вчера со убедливо мнозинство изгласаа Резолуцијата со која на Европската комисија и се препорача отварање пристапни преговори најдоцна до крајот на оваа година, доколку Црна Гора покаже дека ги исполнила сите услови.
Преговорите би требало да почнат најдоцна по давањето зелено светло од Европската комисија, рече Бузек, предупредувајќи дека е потребен напредок во некои области, особено во владеењето на правото.
XS
SM
MD
LG