Достапни линкови

Вашингтон не притиска за промена на името


Марк Тонер

Марк Тонер

Американската политика е многу конзистентна во врска со прашањето за името. Ова го изјави портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер коментирајќи некои наводи во Скопје дека Вашингтон инсистирал на промена на името. ,,Американската политика е многу доследна и таа е дека до Македонија и до Грција е да ги решат нивните разлики околу прашањето за името. Ги поттикнавме двете страни да бараат можности да тргнат напред. Ниту амбасадорот Рикер, ниту кој и да е друг американски официјален претставник никогаш не се обидел да диктира како тие треба да го сторат тоа,, рече портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер кој притоа изрази надеж дека ќе се најде решение за спорот.
XS
SM
MD
LG