Достапни линкови

Политички препукувања околу РЕК–от


РЕК Битола
РЕК Битола

Не стивнуваат политичките препукувања за новите инвестиции во РЕК Битола.

Деновиве премиерот Груевски го стави камен темелникот за монтажа на новиот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод-Гнеотино, беа пуштени во употреба вториот БТО систем за ископ на јаловина и модернизираниот прв блок од термоелектраната.
Најголемиот број испади на блоковите се поради лошата состојба на котлите кои не беа опфатени со модернизацијата. Тогаш за каква модернизација на првиот блок станува
збор.


Комисијата за енергетика при СДСМ од Битола обвини „дека ова ќе го плаќаат идните генерации бидејќи осумдесет отсто од овие инвестиции се странски кредити“. Претседателот на комисијата Миле Јоновски рече дека во овие проекти се вложуваат повеќе средства од планираното.

„Во 2005 година, согласно прокетот, главниот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод до Суводол требаше да изнесува околу 10 милиони евра за должина на трака од 16 километри, за денес пермиерот да не израдува со потрошени 17 милиони евра за должина од 9,3 километри.“


Опозицијата со забелешка и за модернизацијата на блокот.

„Најголемиот број испади на блоковите се поради лошата состојба на котлите кои не беа опфатени со модернизацијата. Тогаш за каква модернизација на првиот блок станува збор.“
ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра, а останатите 16 милиони евра ќе ги обезбеди преку кредит со отплата на десет години. За целосно отворање на рудникот Брод-Гнеотино беа потребни инвестиции од 94 милиони евра, а ЕЛЕМ во овој прокет вложи 65 милиони евра од кои 42 милиони евра се сопствено учество, а остатокот од 22 милиони евра се обезбедени преку кредитни средства.

Според генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, ова се големи проекти со кои се продолжува векот на електро-енергетскиот стожер за 20 години.

„Од новиот површински коп Брод-Гнеотино и постојниот рудник Суводол, заедно со јагленот од Подинската серија исчекуваме да го исполнеме потребниот минимум од 6 милиони тони јаглен годишно.“

Чинговски вели дека досегашните инвестиции се дел од сопствени средства, а дел обезбедни преку заем.

„ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра, а останатите 16 милиони евра ќе ги обезбеди преку кредит со отплата на десет години. За целосно отворање на рудникот Брод-Гнеотино беа потребни инвестиции од 94 милиони евра, а ЕЛЕМ во овој прокет вложи 65 милиони евра од кои 42 милиони евра се сопствено учество, а остатокот од 22 милиони евра се обезбедени преку кредитни средства“, изјави Чинговски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG