Достапни линкови

Во Хрватска нови анти владини протести


Анти владини протести во Загреб

Анти владини протести во Загреб

Во повеќе грaдови во Хрватска синоќа се одржаа анти владини протести организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. На протестите се бараше оставка на владата на премиерката Јадранка Косор и распишување парламентарни избори.Најмасовен беше протестот во Винковци на кој се собраа илјада граѓани. Нов протест е најавен за денеска. Хрватската премиерка и претседател на Хрватската демократска заедница, Јадранка Косор вчера изјави дека не се плаши од парламентарните избори но дека ќе бидат распишани откако Загреб ќе ги заврши преговорите за членство во Европската унија.
XS
SM
MD
LG