Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов се сретна со потпретседателот на ЕБОР


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој, Јан Фишер. На средбата Фишер се интересирал за актуелните политички и економски состојби во Македонија, како и за интеграцијата на земјата во евроатлантските структури. Иванов го посочил спорот со соседна Грција како единствена пречка за евроатланска интеграција на Македонија. Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на претседателот, размениле мислења за состојбите во поширокиот регион.
XS
SM
MD
LG