Достапни линкови

Претседателот Иванов достави предлог за нов гувернер на НБРМ


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Димитар Богов, досегашен вицегувернер, е предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов гувернер на Народна банка на Република Македонија на местото на Петар Гошев, чиј мандат истекува во мај. Предлогот, шефот на државата денеска го достави до Собранието кое го врши изборот на првиот човек на централната банка. Иванов решил да го предложи Богов по опсежните консултации со претставници на коморите, наставниот кадар и професорите на соодветните универзитети и факултети, како и со банкарите.
XS
SM
MD
LG