Достапни линкови

logo-print

Заврши првиот круг разговори меѓу Србија и Косово


Борислав Стефанович и Едита Тахири - претставници на двете земји на разговорите во Брисел

Борислав Стефанович и Едита Тахири - претставници на двете земји на разговорите во Брисел

Во Брисел заврши првиот круг од разговорите меѓу претставниците на Белград и Приштина, кои се одвиваат со посредништво на Европската унија. На дневниот ред на денешната седница, кој почна утринава околу 10 часот, според очекуваното се најдоа прашања како што се авионскиот сообраќај, телекомуникациите и царинските печати. По денешната средба се очекува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон да издаде соопштение. Средбите меѓу Белград и Приштина се очекува да продолжат и тоа повеќепати месечно, во зависност од постигнатиот напредок, а во центарот на вниманието ќе се најдат три главни теми од регионалната соработка, слобода на движење и владеење на правото.
XS
SM
MD
LG