Достапни линкови

logo-print

Анкета: ВМРО со 18 проценти а СДСМ со 11 проценти подршка


Доколку се одржат парламентарни избори денеска за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 18 отсто, за СДСМ 11,2, ДУИ 8,6 и за ДПА со 2,9 отсто од македонските граѓани со право на глас. Сите останати политички партии би добиле под еден отсто од гласовите. Ова го покажува анкетата на Брима Галуп спроведена во периодот од 26 јануари до 3 февруари годинава на репрезентативен примерок од 1.158 анкетирани полнолетни граѓани. Од вкупниот број анкетирани, 55,3 отсто изјавиле дека нема да гласаат, неодлучни се дали и за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат на прашањето.
XS
SM
MD
LG