Достапни линкови

Македонка - успешен адвокат во Австралија


Живка Џој Поповска која две децении работи како адвокат во Мелбурн

Живка Џој Поповска која две децении работи како адвокат во Мелбурн

Битолчанката Живка Џој Поповска, која со своето семејство со децении живее во Австралија, работи како успешен адвокат.

Убава, образована, амбициозна, успешна, но едноставна жена, Македонка, кој по завршувањето на два факултети - за адвокат и англиска литература, и се посветува на адвокатурата, за веќе десет години да има своја канцеларија во најпрестижната бизнис зона на Колинс улицата во срцето на петмилионскиот Мелбурн. Живка-Џој Поповска, 50 годишната Битолчанка, која со своето семејство во потрага по подобар живот на петтиот континент
Имаше некоја гордост во мене, што сакав да испливам од тоа и да им покажам не само дека знам и можам да бидам подобра од нив туку со работа и со труд и ќе бидам подобра. Тоа беше еден жар што гореше во мене што да сакав да успеам. Знаев од малечка, дека има само еден начин да успеам овде, а тоа е со факултет, не со пари, туку со знаење и наука, за да можеш да стигнеш
негде.
дошла на шестгодишна возраст, целото образование го стекнува во Австралија, а движечката сила на успехот ја нашла во желбата да им докаже на надмените Австралијанчиња, дека и луѓето од другите земји и пониска класа можат да стигнат до врвот на општеството.

„Имаше некоја гордост во мене, што сакав да испливам од тоа и да им покажам не само дека знам и можам да бидам подобра од нив туку со работа и со труд и ќе бидам подобра. Тоа беше еден жар што гореше во мене што да сакав да успеам. Знаев од малечка, дека има само еден начин да успеам овде, а тоа е со факултет, не со пари, туку со знаење и наука, за да можеш да стигнеш негде, дека тоа го ценат многу овде, на запад, и сегде е така, а посебно во Австралија. Лекарите и адвокатите се на врвот на пирамидата на социјалната скала. Тоа ми беше јасно од мала, и од внатре нешто ме поттикнуваше сама да се борам“, вели Поповска.

Поповска и новинарот на РСЕ Нина Кепеска

Како адвокат. таа работи со сложени криминални дела, разводи, имотни делби, но специјалност и е имиграциското право, за што има лиценца, регистрирана е на интернет страницата www.themara.com, како
Ако си постар од 45 години мора да најдеш фирма во Австралија да те спонзорира како работник. Од спонзорираните визи, има привремени до четири години или постојани визи. Има многу работи овде за што луѓето треба добро да се информираат. Исто така апликантите мора да го положат испитот по Англиски јазик. Ако се друго е во ред, има и други работи, на пример поради здравствени проблеми може да не те примат во Австралија, за да не и бидеш на товар на државата
основ за советување и посредување на странците да аплицираат и добијат визи за престој и населување во Австралија. Клиентите и се од целиот свет, а има и доста Македонци, за кои Австралија се уште е ветената земја.

„Секој случај е многу различен и мора за секоја особа да знам лично што струка има, каква професија, па да знам каква виза да и предложам за апликација. Некои воопшто не треба да се обидат, ако се многу стари. За лицата над 45 години и да пробаат самите да дојдат преку Индепендент Скил Виса, нема да можат поради возраста. Ако си постар од 45 години мора да најдеш фирма во Австралија да те спонзорира како работник. Од спонзорираните визи, има привремени до четири години или постојани визи. Има многу работи овде за што луѓето треба добро да се информираат. Исто така апликантите мора да го положат испитот по Англиски јазик. Ако се друго е во ред, има и други работи, на пример, поради здравствени проблеми може да не те примат во Австралија, за да не и

бидеш на товар на државата.“


Поповска ги ужива сите привилегии на нејзината работа, како една од најреализираните бизнис жени и најпознати Македонки во Австралија.

„На сите млади им препорачувам да го работат она што го сакаат, она што им лежи во срцето, на душата. Дваесеттина години работам како адвокат, за што макотрпно учев, но сега имам многу придобивки, се заработуваат доста пари, на народот можеш да му помогнеш кога е во мака, а во нас клиентите гледаат спасители. Се што имам самата постигнав. Сметам дека тоа е голем успех. Без никакви врски и помош, јас не сум од семејство на адвокати, или професионални луѓе, јас потекнувам од обична класа, и голем успех е сама да се избориш и како жена исто без помош од никого.“

Живка-Џој Поповска е среќна жена, но она што и недостасува е љубовта кон архитектурата и модниот дизајн и најмногу родната Македонија, која вели и е во срцето и само таму се чувствува дома.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG