Достапни линкови

Високорангиран либијски државен службеник слета во Египет


лидерот Муамар Гадафи

лидерот Муамар Гадафи

Приватен либијски авион слета на аеродромот во Каиро, јавија медиумите. Според за сега неофицијални информации со авионот патувал еден од високорангираните државни службеници од северноафриканската земја. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“, повикувајки се на анонимни извори од аеродромот во Каиро, јави дека служебикот носел порака од либијскиот лидер Гадафи. За сега нема подетални информации за содржината на пораката и за кого е наменета. Инаку, медиумите јавуваат дека од аеродромот во близина на либијскиот главен град Триполи, полетале три авиони во сопственост на семејството Гадафи.
XS
SM
MD
LG