Достапни линкови

logo-print

Средба Милошоски-Жбогар


Министерот за надворешни работи на Словенија Семуел Жбогар

Министерот за надворешни работи на Словенија Семуел Жбогар

Дијалогот е клучен за решение на политичката криза во Македонија, која будно ја следиме, порача словенечкиот министер за надворешни работи Семуел Жбогар.

Најзначајно за Македонија, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во земјата, е владата и опозицијата да се договорат и да се обнови и врати политичкиот дијалог онаму каде што му е местото - во Парламентот. Ова го порача словенечкиот министер за надворешни работи
Сега е многу значајно и внимателно се следи како од Љубљана, така и од Брисел, како да се реши моменталната политичка криза во Македонија, обновување на дијалогот кој ќе овозможи опозицијата да се врати во Парламентот. Значајно е на изборите да учествуваат сите
партии.
Семуел Жбогар по денешната средба со неговиот домаќин Антонио Милошоски:

„Сега е многу значајно и внимателно се следи, како од Љубљана, така и од Брисел, како да се реши моменталната политичка криза во Македонија, обновување на дијалогот кој ќе овозможи опозицијата да се врати во Парламентот. Значајно е на изборите да учествуваат сите партии.“

Според Милошоски, местото на политичкиот дијалог е во Парламентот и неговата функционалност не е важна само за Македонија, туку и за нејзиниот углед во очите на европската јавност. Македонија ја доби препораката за отпочнување на преговори со ЕУ поради исполнетите политички критериуми, а еден од нив е и функционирањето на Собранието, чиј бојкот негативно влијае врз напредокот постигнат во последните извештаи на ЕК.

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на РМ

„Бојкотот на опозицијата на Собранието, не оди во прилог на зачувување на нивото до кое бевме стигнати, согласно извештаите на Европската комисија од 2009 и 2010 година.“

Во однос на проблемот со името со Грција, Жбогар вели дека неговото решавање треба да и биде приоритет на новата влада.

„По изборите, по именувањето на новата влада, еден од приоритетите треба да биде токму решавање на овој проблем, бидејќи со решавањето на тој
По изборите, по именувањето на новата влада, еден од приоритетите треба да биде токму решавање на проблемот со
името.
проблем ќе се овозможи и решавање на сите други проблеми поврзани со ЕУ и НАТО.“

Милошоски вели дека Македонија е подготвена и во предизборна атмосфера, доколку има расположение кај грчката страна, да ја продолжат комуникацијата меѓу преговарачите и медијаторот Метју Нимиц за напредок во дијалогот меѓу двете земји.

„Без разлика каков ќе биде резултатот од изборите и кога тие ќе се одржат, македонско-грчкиот дијалог е константа што треба и мора да се оддржи и владата има политичко расположение да дејствува во таа насока.“

За нападите врз американскиот амбасадор Филип Рикер, Милошоски изјави дека секој поединец има право на сопствено мислење и коментар, но владата има стратешко пратнерство со Вашингтон и пријателството е цврсто утврдено.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG