Достапни линкови

Продолжија преговорите меѓу Белград и Приштина


Борко Стефановиќ, Едита Тахири

Борко Стефановиќ, Едита Тахири

Во Брисел денеска продолжи првиот состанок на преговарачките делегации на Белград и Приштина, што започна синоќа. Според европски дипломатски извори, синоќешните разговори биле конструктивни и отворени. Заедно со шестчлената делегација од Белград на чело со Борко Стефановиќ и осумчлената делегација од Приштина предводена од вицепремиерот Едита Тахири, на синоќешниот состанокот присуствуваа и претставникот на Европската унија, Роберт Купер и тричлен американски тим, предводен од заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Томас Кантримен.
XS
SM
MD
LG