Достапни линкови

Гадафи го обвинува Запад за колонијализам


Либијскиот лидер Муамер Гадафи денеска го обвини Западот, а пред се Франција, за колонијалистички заговор против неговата земја. Во разговор за една француска телевизија тој изјави дека западните земји сакале повторно да ја колонизираат Либија. Силите лојални на Гадафи вчера го зголемија притисокот врз упориштата на противниците на неговиот режим, со воздушни напади, посебно во источниот дел на земјата. Меѓународната заедница е се погласна во намерата да го затвори воздушниот простор над Либија. Европската унија за в петок закажа самит на кој ќе се расправа за ситуацијата во таа земја.
XS
SM
MD
LG