Достапни линкови

logo-print

Одложено судењето на Ширак за корупција


Вчера судот во Париз го одложи за до јуни судењето против поранешниот француски претседател Жак Ширак. Тој е обвинет дека во време кога бил градоначалник на Париз отворал лажни работни места со цел градските пари да одат за неговата партија. За ова тој би можел да биде осуден на десет години затвор.

За прв пат во повоена Франција му се суди на еден поранешен претседател на државата.

Ширак, кој имаше имунитет како претседател од 1995 до 2007 година, е обвинет за организирање шема преку која парите од градската каса на Париз ги користел за исплата на луѓе кои работеле за неговата партија додека во деведесетите години беше градоначалник.

Притоа тој, како што се наведува, отворал фиктивни работни места. Во сето ова била вклучени и деветмина негови соработници.


78-годишниот Ширак ги отфрла обвинувањата, а неговиот адвокат Жорж Кеиман изјави дека тој едвај чекал да почне судењето за да докаже дека е невин.

„Мислам дека претседателот би сакал сето ова да заврши еднаш засекогаш.“

Ширак инсистира на тоа дека трошоците биле одобрени од градскиот совет и оти наведените работни места навистина биле отворени.

Пред судењето имаше и наводи дека Ширак не бил во добра здравствена состојба и оти имал Алцхајмерова болест. Но пред извесно време Ширак за француската телевизија изјави:

„Јас сум многу добро, благодарам. Ви пожелувам и вам добро здравје.“

Во полза на Жак Ширак, пред почетокот на судењето беше потегот на парискиот јавен обвинител Жан Клод Марин кој побара откажување на

Мислам дека претседателот би сакал сето ова да заврши еднаш засекогаш.

случајот.

Втор елемент кој оди во корист на Ширак е и ланскиот договор со кој неговата партија треба да му врати на градското собрание над два милиони евра, односно парите за кои се претпоставува дека ги потрошил во врска со лажните работни места.

Градот се откажа од процесот, а сега како тужители се јавуваат неколку групи граѓани.

„Над 70 отсто од Французите би сакале да се одржи ова судење. Затоа не би требало да го спречиме и сето ова да прерасне во маскарада“, изјави адвокатот на тужитилите Фредерик Карел Каној.

Како и да е, судењето претставува засрамувачки удар врз шираковото политичко минато и врз сегашната негова филантропска активност.


Тој е прв поранешен претседател на Франција кој се соочува со судење, по маршал Филип Патен, кој го водеше францускиот режим што соработуваше со нацистичка Германија.

Патен на крајот од Втората светска војна беше осуден за предавство и беше прогонет.

Судењето на Ширак би можело да има и непријатни последици по неговиот наследник и штитеник, непопуларниот Никола Саркози, кој вложува огромни напори да го поправи својот имиџ пред можниот негов обид за реизбор за шеф на државата идната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG