Достапни линкови

Почна дијалогот Белград- Приштина


Борко Стефановиќ

Борко Стефановиќ

Синоќа во Брисел започна дијалогот меѓу делегации на Белград и на Приштина. По двочасовните разговори, шефот на српската делегација Борко Стефановиќ изјави дека првиот состанок минал нормално, иако претставниците на властите во Приштина настојувале, како што рече, да наметнат терминолошки и наративни разлики и сопствени толкувања на блиското минато. Заедно со шестчлената делегација од Белград и осумчлената од Приштина, на состанокот присуствуваа и Роберт Купер во име на ЕУ и тричлена делегација од Вашингтон предводена од Томас Кантримен, заменик- помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Делегациите повторно ќе се сретнат денеска.
XS
SM
MD
LG