Достапни линкови

logo-print

Бајден во Русија, денеска средба со Медведев


Бајден пристигнува во Москва

Бајден пристигнува во Москва

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден, кој од синоќа престојува во Москва, денеска ќе се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев. Тие ќе разговараат за натамошното јакнење на билатералните односи, а меѓу главните теми ќе бидат и противракетната одбрана во Европа и влегувањето на Русија во Светската трговска организација. Бајден денеска ќе го посети и рускиот истражувачки центар, кој треба да биде нивна „Силиконска долина“. Утре ќе се сретне со лидерите на опозицијата и со претставници на граѓанското општество, а ќе има и говор на московскиот универзитет.
XS
SM
MD
LG