Достапни линкови

logo-print

Обама и Камерон разговарале за Либија


Камерон и Обама

Камерон и Обама

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со британскиот премиер Дејвид Камерон за кризата во Либија. Според Белата Куќа, тие ја разгледувале можноста за воведување на зона без летови над Либија. Претходно, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека е крајно време ОН да решат дали треба да се воведе таква зона. Во меѓувреме, силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи со употреба на авиони, тенкови и артилерија, се обидуваат да ја преземат контролата врз градот Завија.
XS
SM
MD
LG