Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат протестите во Јемен


Армијата на Јемен вчера упаднала во универзитетот во главниот град Сана, истрелувајќи гумени куршуми и солзавец врз студентите кои се приклучија кон се погласните повици за оставка на претседателот Али Абдулах Салех. Претставник на студентите изјави дека има повредени, но оти нема информации за евентуални жртви. Студентите спијат на универзитетот од средината на минатиот месец, барајќи оставка на Салех, кој се наоѓа на власт 32 години.
XS
SM
MD
LG