Достапни линкови

Четворица починати од грип од типот А Х1Н1


Во изминативе неколку дена четворица пациенти починаа од грипот тип А Х1Н1, соопштија од македонското Министерство за здравство. Во изминативе 48 часа на клиниката за инфективни болести во Скопје починале тројца пациенти заразени со свински грип. Комисијата за пандемски грип денеска одржа состанок на кој беше разгледана актуелната состојба со заболените од грип, особено од типот А Х1Н1, при што беа донесени препораки кои се однесуваат на тоа дека сезоната на грип е се уште во тек и затоа на сила остануваат сите превентивни мерки за заштита на населението.
XS
SM
MD
LG