Достапни линкови

Собраниска комисија ги подржа уставните измени


Собраниската комисија за уставни прашања на денешната седница го поддржа Предлог-текстот на амандманот 32 на Уставот на Република Македонија и предлага Собранието да го утврди, да го усвои и да донесе одлука за негово прогласување. „Сегашниот текст на Предлог-амандманот вели дека на државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството ниту пак може да биде протеран од земјата, но дека може да биде предаден на друга држава само врз основа на ратификуван меѓународен договор со одлука на суд“ рече министерот за правда Михајло Маневски. На ваков начин, според министерот, се создаваат услови за успешна борба против организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG