Достапни линкови

Листата со кандидати за претседател на ДИК доставена до СДСМ


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска, согласно законските одредби, ја доставил листата на пријавени кандидати за претседател на Државната изборна комисија до Социјал-демократскиот сојуз на Македонија. СДСМ информираше дека во следните два дена ќе донесе одлука кој од кандидатите за претседател на ДИК ќе го поддржи. На листата се Розита Џартовска, адвокат, Милан Тонески, правник, Тања Алтанџиева, член на ДИК и правник, предложена од СДСМ и Борис Кондарко, адвокат и поранешен пратеник од СДСМ и член на ДИК, Арбен Гоља, адвокат, Лазар Трајчев, адвокат и Влатко Сајковски, актуелен член на ДИК.
XS
SM
MD
LG