Достапни линкови

Пакистанскиот суд го одложи судењето на американец обвинет за убиство


Рејмонд Дејвис, кој според одредени извештаи е најмен од ЦИА

Рејмонд Дејвис, кој според одредени извештаи е најмен од ЦИА

Судот во Пакистан денеска го одложи судењето на американски државјанин обвинет за убиство на двајца Пакистанци. Сослушувањето на Рејмонд Дејвис, за чие ослободување американски власти се повикуваат на дипломатски имунитет, е одложено за идната недела. Дејвис изјави дека постапил во самоодбрана, откако двајцата пакистанци кои ги застрелал се обиделе да го ограбат. Пакистанските власти, пак, го обвинуваат Дејвис за двојно убиство.
XS
SM
MD
LG