Достапни линкови

Турскиот суд го спречи рушењето на споменик на пријателството со Ерменија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот суд блокираше иницијатива подржана од премиерот Реџеп Таип Ердоган за рушење на статуа, поставена во знак на пријателството со Ерменија. Новинската агенција Анатолија јави дека судот во Ерзурум издал привремена наредба за сопирање на демолирањето на споменикот поставен во градот Карс, висок 30 метри. При посета на Карс во Јануари, премиерот Ердоган му рекол на градоначалникот дека споменикот, поставен во 2006 година, е „монструозен и треба да биде демолиран“.
XS
SM
MD
LG