Достапни линкови

Кандидатите ги исполнуваат условите за претседател на ДИК


Собранието на Македонија

Собранието на Македонија

Сите седум пријавени кандидати ги исполнуваат условите за претседател на Државната изборна комисија, констатира на денешната седница Комисијата за избори и именувања на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието денеска листата треба да ја достави до СДСМ, која како опозициска партија што освоила најмногу гласови на последните парламентарни избори треба во рок од три дена да предложи кандидат. СДСМ најави дека органите на партијата ќе заседаваат денеска или утре по што ќе се знае кој ќе биде предложен за претседател на ДИК. Последен функцијата прв човек на ДИК ја извршуваше Александар Новаковски кој поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG