Достапни линкови

logo-print

Исламската конференција бара зона на забранети летови над Либија


Организацијата на исламската конференција денеска им се придружи на меѓународните повици за воспоставување зона на забранети летови над Либија како одговор на воздушните напади на силите лојални на Муамер Гадафи врз позициите на бунтовниците во земјата. Вчера генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека за таков потег претходно е потребно одобрување од Обединетите нации. Во меѓувреме агенциите јавуваат за нови денешни воздушни напади врз нафтеното пристаниште Рас Лануф.
XS
SM
MD
LG