Достапни линкови

Извонреден напредок во правата на жените


Направен е извонреден напредок во почитувањето на правата на жените откако пред еден век почна да се одбележува Меѓународниот ден на жената. Ова го оцени шефицата на новата агенција на Обединетите нации за правата на жените чилеанската претседателка Мишел Бачеле по повод 8 ми март. Сепак, таа наведува дека жените кои пред сто години го кренаа својот глас за подобри работни услови и за право на глас веројатно на ова време би гледале и со разочараност, бидејќи еднаквоста меѓу половите се уште е далечна цел со оглед на фактот дека жените и натаму во некои делови на светот се политички и економски дискриминирани.
XS
SM
MD
LG