Достапни линкови

Започнуваат преговорите меѓу Србија и Косово


Српскиот преговарач Борислав Стефановиќ

Српскиот преговарач Борислав Стефановиќ

ЕУ соопшти дека денеска ќе започнат првите директни разговори меѓу Србија и Косово, по три години од прогласувањето на косовската независност. Европскиот дипломат Роберт Купер ќе биде посредник на дводневната средба. Косовскиот вицепремиер Едита Тахири и српскиот дипломат Борислав Стефановиќ ќе ги раководат косовската и српската делегација. Преговарачите ќе се осврнат на практични проблеми, а би требало да ги остават настрана политичките прашања.
XS
SM
MD
LG