Достапни линкови

САД го подржаа правото на мирни протести во Саудиска Арабија


САД соопштија дека жителите на Саудиска Арабија имаат право на мирни протести. Потпаролот на Стејт Департментот Филип Кроли изјави дека земјата ги подржува универзалните права, меѓу кои и правото на мирен собир и слободата на изразување.
Саудиското министерство за внатрешни работи ги предупреди граѓаните на земјата дека демонстрациите ќе бидат забранети. Инспирирани од протестите во арапскиот свет Шиитите протестираат неколку дена во истокот на Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG