Достапни линкови

Протести на ловџиите


Протест на ловџиите во Струга
Протест на ловџиите во Струга

Ловџиите на протести го искажаа својот револт од доделување на концесијата за ловостопанисување на ловечкото друштво „Черн камен 2010“ од Вевчани, како што тврдат, само по партиски критериуми.

Со протест и блокада на сообраќајот на главната крстосница во Струга, од каде се делат патиштата за Дебар, Ќафасан и Охрид, ловџиите и жители на струшкото село Лабуништа, поддржани од ловџиите од други места во струшкиот реон, повторно го искажаа својот револт од одлуката на владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, што концесијата за ловостопанисување на теренот на Дримкол, што опфаќа над 17.000 хектари, ја додели на ловечкото друштво „Черн камен 2010“ од Вевчани. Протестот го организира ловечкото друштво „Дримкол“ од
„Черн камен 2010“ е ловечко друштво формирано минатата година. Во концесиите беше наведено дека предност во нивното доделување ќе има ловно друштво што стопанисувало најмалку три и пол години со дејноста ловство. Тие се група од тројца замешани во оваа работа и ова е само директно иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.
Лабуништа што постои 80 години, а концесијата за ловење ја изгуби во 2000-та.

Тие тврдат дека најновата одлука на владата е неправедна и донесена од политички мотиви, поради што, според ловџиите, единствен критериум при одлучувањето на власта била партиската припадност на ВМРО-ДПМНЕ на членовите на вевчанското ловечко друштво.

„Самата фирма докажува се. „Черн камен 2010“ е ловечко друштво формирано минатата година. Во концесиите беше наведено дека предност во нивното доделување ќе има ловно друштво што
стопанисувало најмалку три и пол години со дејноста ловство. Тие се група од тројца замешани во оваа работа и ова е само директно иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Си ги користат своите адути за да си поигруваат со нашиве средини“, вели Мухамед Шаиноски од Лабуништа, од иницијативниот одбор на протестот.

Постарите ловџии и хроничари на настаните во Лабуништа сведочат за долгогодишната и богата дејност на ловечкото друштво Дримкол, кое според нив е излажано од владејачката партија и премиерот Груевски, кој при посетата на Лабуништа им ветил дека ќе си ја вратат концесијата за ловење во нивниот крај.

„Лабуништа е прво друштво во Републикава кое го негува, чува, заштитува и може да се служи со уловот, тој да се регистрира, сите нормативни акти ги имаме од 1932 година, тоа е документ-хартија долга 80 сантиметри, широка 40, од 1946, 1958 година правила, секогаш сплотено другарувавме, целта била и спортување и другарување, никогаш немало конфликти, и со православни, муслимани, Албанци, значи мултиетнички соживот имавме и
Комисијата за доделување на концесии неправилно доделила концесија на ловно друштво формирано само пред неколку месеци, со што ја скратила можноста на повеќе од илјада ловџии од овој регион, кои егзистираат точно од овие населени
места.
пак сакаме тоа да го задржиме“, вели Фадиљ Мустафоски-Мустоски, жител на Лабуништа, кој е ловџија над 30 години.

Протестите на ловџиите од Лабуништа, ги поддржува партијата ПЕИ и пратеникот Фијат Цаноски од струшката изборна единица, кој вели дека овие собири немаат политичка позадина, ниту етничка обоеност, туку целта е ловџиите обединети да си го добијат она што им следува.

„Комисијата за доделување на концесии неправилно доделила концесија на ловно друштво формирано само пред неколку месеци, со што ја скратила можноста на повеќе од илјада ловџии од овој регион, кои егзистираат точно од овие населени места, и чие ловно друштво егзистира околу осум децении, да не ја добие концесијата. Ја повикувам владата добро да ги преиспита одлуките што ги носат посебните комисии, за доделување тендери и концесии, да се престане со политички доделувања на тендери и нека почнат да работат онака како што треба“, вели Фијат Цаноски, пратеник во парламентот и претседател на ПЕИ.

Ловечкото друштво Дримкол, што одлуката за доделување на концесијата за ловостопанисување во овој реон на Вевчанското друштво „Черн камен 2010“, ја има обжалено до управниот суд, ќе продолжи со блокади на патиштата, а се најавува и протест пред владата во Скопје.
XS
SM
MD
LG