Достапни линкови

Расформирана тајната полиција во Тунис


од годинашниве демонстрации во Тунис

од годинашниве демонстрации во Тунис

Власта во Тунис денеска ја расформира тајната полиција во земјата, институција обвинета за кршење на човековите права за време на владеењето на лидерот Зине Ал Алиабидин Бен Али. Тој беше соборен од функцијата во Јануари годинава, а од тогаш во земјата имаше неколку обиди за воспоставување привремена власт. Денеска премиерот на Тунис назначи нова влада, трета привремена администрација по соборувањето на авторитарниот лидер. Министрите од повеќето клучни ресори од претходниот владин состав останаа на функциите и во новата владина консталација, додека четворицата нивни колеги кои минатата недела си поднесоа оставки беа заменети.
XS
SM
MD
LG