Достапни линкови

logo-print

САД се извини за смртта на девет деца од Авганистан


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска се извини за несаканото убиство на деветмина деца од Авганистан минатата недела, опишувајки го инцидентот како пропуст. На заедничка прес – конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул, Гејтс рече дека Соединетите американски држави се добро позиционирани за извлекување на нивните војници во Јули, како дел од планот за предавање на одговорноста за безбедноста во земјата на авганистанските власти, што треба да се случи до 2014 година.
XS
SM
MD
LG