Достапни линкови

Расмусен: Насилството врз либијски цивили е криминал против човештвото


Андрес Фог Расмусен денеска одржа прес-конференција во Брисел

Андрес Фог Расмусен денеска одржа прес-конференција во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен предупреди дека нападите врз цивили во Либија може да се судат како „криминал против човештвото“. Во земјата и денеска продолжуваат борбите меѓу силите лојални на лидерот Моамер Гадафи и бунтовниците.
„Силно ја осудуваме употребата на сила против народот во Либија. Ваквото кршење на човековите права и меѓународниот хуманитарен закон е скандалозно. Како што изјави генералниот секретар на Обединетите нации, овие се` почести напади врз цивили може да се сметаат за криминал против човештвото“, рече Расмусен.
Предупредувањето на првиот човек на Алијансата следи по апелот на Бан Ки Мун за прекин на насилството во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG