Достапни линкови

Потпретседателот на ЕБОР утре во Македонија


Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Јан Фишер од утре ќе престојува во тридневна посета Македонија. Тој ќе има средби со претставници на Владата, на невладиниот сектор, бизнис заедницата и на дипломатскиот кор, на кои ќе се информацира за развојот на состојбите во земјава. Предвидени се средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, на кои, како што се вели во соопштението од ЕБОР, ќе ја изрази силната поддршка на Банката кон Македонија и нејзините заложби за поскоро приближување кон ЕУ. ЕБОР е активна во Македонија од 1993 година и досега има инвестирано над 715 милиони евра во 70 проекти.
XS
SM
MD
LG