Достапни линкови

Полскиот амбасадор повика за точност во известувањето на македонските медиуми


Аушвиц

Во пресрет на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Полската амбасада во Скопје апелира за историска точност кога се пишува за логорите на смртта во Втората светска војна, бидејки медиумите честопати го употребуваат терминот „полски логори“ како географска одредница. Амбасадорот Карол Бахура на прес-конференција рече дека тоа е навредливо за Полјаците, повика на праведност и новинарска етика во написите за концентрационите логори. Полска е прва земја нападната од Хитлер, која во војната загубила една шестина од населението. Бахура нагласи дека Полска ги прифаќала Евреите тогаш кога сите земји ги прогонувале и оти е единствена земја во која нацистите ги казнувале со смрт луѓето што им помагале на Евреи.
XS
SM
MD
LG