Достапни линкови

Специјалниот пратеник на САД Марк Гросман во посета на Пакистан


Марк Гросман

Марк Гросман

Новоименуваниот специјален американски пратеник за Пакистан, за време на својата прва посета во Исламбад, разговараше со пакистанскиот премиер Јосуф Раза Гилани. Посетата на пратеникот Марк Гросман се случува во услови на тензии во односите меѓу Пакистан и Соединетите држави, откако американски државјанин застрела двајца Пакистанци. Официјален Вашингтон тврди дека Американецот, кој според одредени извештаи е агент на ЦИА, постапил во самоодбрана и има дипломатски имунитет, Пакистанските власти потврдија дека случајот е даден на суд. Подоцна денеска Гросман ќе се сретне со шефрот на армијата Ашфак Парвез и претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари.
XS
SM
MD
LG