Достапни линкови

ЕУ: Утре започнуваат првите директни разговори меѓу Србија и Косово


Косово: од неодамнешните протести против одлуката на ЕУ за прекин на трговијата со земјата

Косово: од неодамнешните протести против одлуката на ЕУ за прекин на трговијата со земјата

Првите директни разговори меѓу Србија и Косово, по прогласувањето на косовската независност пред три години, ќе започнат утре, соопштија денеска од Европската унија. Европскиот дипломат Роберт Купер ќе биде посредник на дводневната средба. Преговарачите ќе се осврнат на практични проблеми, како на пример граничната контрола и личната документација, а би требало да ги остават настрана политичките прашања. Средбата се одржува по силен притисок од Унијата, кон која и двете страни сакаат да се приклучат. Косовскиот вицепремиер Едита Тахири и српскиот дипломат Борислав Стефановиќ ќе ги раководат косовската и српската делегација.
XS
SM
MD
LG