Достапни линкови

logo-print

Австрија нема да екстрадира поранешен босански генерал во Србија


Сараево - од протестите за ослободување на Јован Дивјак

Сараево - од протестите за ослободување на Јован Дивјак

Екстрадицијата на поранешен генерал на босанската армија во Србија на судење за воени злосторства е незамислива, изјави министерот за надворешни рабори на Австрија Михаел Шпинделегер.
Австриската полиција го уапси Јован Дивјак на аеродромот во Виена во вторникот, по налог на српската полиција. Тој е еден од група деветнаесетмина босански службеници кои Србија ги обвинува за напад врз југословенската армија во Сараево за време на војната од 1992 до 1995 година. Во Босна Дивјак се смета за херој. Во саботата околу 5.000 Босанци одржаа мирен протест во Сараево за негово ослободување.
XS
SM
MD
LG