Достапни линкови

ОН - Шефот на јорданската дипломатија специјален пратеник за Либија


Генерален секретар на ОН - Бан Ки Мун

Генерален секретар на ОН - Бан Ки Мун

Обединетите Нации испраќаат пратеник во Либија со цел да ја испита хуманитарната ситуација додека борбите меѓу силите лојални на Моамер Гадафи и бунтовниците се интензивираат. Генералниот секретар Бан Ки-Мун, за специјален пратеник го именувал јорданскиот министер за надворешни работи Абделаи ал Катиб за специјалнен пратеник. Бан Ки МУН зборувал по телефон со Либискиот министер за надворешни работи Муса Куса и побарал да се стави крај на нападите врз цивилите во Либија. Тој предупредил дека оние кои го кршат меѓународниот затвор ќе се соочат со правдата. Двајцата се согласиле, Обединетите Нации веднаш да испратат тим во Триполи за да се оцени хуманитарната ситуација. Во меѓувреме обединетите наци бараат либиските власти да им дозволат на хуманитарните организации пристап до жртвите кои се ранети за време на бомбардирањето на Мисрат, 150 километри источно од Триполи. Заменичката на гнералниот секретар на ОН, задолжена за хуманитарни прашања Валери Амос, изјави дека на ранетите и на они кои умираат им е неопходна итна помош.
XS
SM
MD
LG