Достапни линкови

Собранискиот Спикер повторно со повик за координативна средба


Трајко Вељановски

Трајко Вељановски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска повторно свика координативна средба на која треба да се разгледаат предлозите за избор на претседател на ДИК, измените на Изборниот законик и на Законот за Судски совет и формирањето на привремена комисија за прегледување на Избирачкиот список.
Во саботата кандидатури за претседател на ДИК доставија актуелниот член на Комисијата Тања Алтанџиева и поранешниот пратеник и член на ДИК Борис Кондарко. Свои кандидатури доставија и двајца адвокати и еден правник.
Според најавите, не се очекува ниту денеска опозицијата да се врати во Собранието и да го прекине повеќенеделниот бојкот.
За 15 март претседателот на Собранието Вељаноски закажа седница на чиј дневен ред се изборот на претседател на ДИК и измените на Изборниот законик и на Законот за Судски совет и формирањето на привремена комисија за прегледување на Избирачкиот список.
XS
SM
MD
LG