Достапни линкови

logo-print

Тројца министри од ЕУ во посета на Босна и Херцеговина.


Самуел Жбогар при посетата на Белорусија

Самуел Жбогар при посетата на Белорусија

Министрите за надворешни работи на Австрија Михаел Шпинделегер, на Бугарија Николај Младенов и на Словенија Самуел Жбогар ќе престојуваат денеска во посета на Босна и Херцеговина.
По тој повод шефот на босанската дипломатија Свен Алкалај во Сараево ќе ги прими тројцата колеги на заеднички работен ручек, на кој ќе стане збор за неодамна одржаниот состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
На состанокот, кој се одржа минатиот месец, една од темите беше и БиХ, односно европскиот пат на земјата и обврските кои ќе се најдат на тој пат во наредниот период.
XS
SM
MD
LG