Достапни линкови

Вицепремиерот Наумовски три дена во Литванија и во Летонија


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Литванија.
Наумовски во Вилнус ќе се сретне со литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Ажубалис, по што се очекува да биде потпишан билатерален договор за заштита на инвестициите меѓу двете држави.
По посетата на Литванија, вицепремиерот Наумовски в среда ќе престојува и во еднодневна официјална посета на Република Летонија, каде во главниот град Рига ќе има повеќе работни средби.
XS
SM
MD
LG