Достапни линкови

Жбогар во посета на Македонија


Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар од денеска па до среда ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Антонио Милопоски, информираат од МНР. Жбогар, освен со совојот домаѓин , ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Се очекува на средбите да стане збор за билатералните односи, евроинтеграцијата на Македонија, како и за ситуацијата во регионот. Со Жбогар ќе допатуваат и словенечки бизнисмени кои ќе учествуваат на бизнис форум со претставници на македонската бизнис заедницата. Ова е втора посета на Жбогар на Македонија од почетокот годинава, откако во февруари беше во работна посета на Скопје
XS
SM
MD
LG